Колку пати лошо завршило: 6 правила до кои треба да се држите кога ќе правите шишки!
Шишките се еден од најризичните одлуки кои може да ги донесете - кога е во прашање шишањето.
Кога е во прашање замислата и планот за вашата следна фризура нормално е да се подготвите, но можете ли да замислите полошо сценарио од она кога влегувате во фризерскиот салон со фотографија од тоа како сакате да изгледате и од заминувањето со изглед кој воопшто не ви одговара?
Со трендови на девојките од Франција, лесно е да се влезе во фризерски салон со високи очекувања, но крајот вели дека од таму излегувате со шишки како од градинка. За среќа, експерт од фризерски салон во Лос Анџелес открива за EliteDayly како правилно да направите шишки.
Фризерката Линдсеј Викториа ги сподели своите шест правила за кои многумина мора да се придржуваат за време на правењето шишки, па ќе знаете што точно треба да кажете на својот фризер.
# Немојте да ги кратите премногу тапо!
Викториа вели дека е многу важно да направите меки, текстурирани шишки. Се што е премногу тапо скратено или над веѓите ќе делува како детски. Таа исто така вели дека за да бидете сигурни дека ќе изгледаат меко и дека убаво ќе се вклопат, потребно е да се скратат со специјални ножици. Тоа е добар начин да бидете сигурни дека ќе се спојат со остатокот од косата.
# Страничните делови на шишките треба да бидат споени со остатокот од косата!
Доколку сакате природен изглед, прескокнете ги наглите премини, бидејќи тоа прави прекинување на врската со остатокот од вашата коса. Подолгите бочни страни на шишките обично се подобри, поради тоа што ќе и се спојат со косата, но и ќе го заобиколат вашето лице, објаснува Викториа.
# Должината на шишките треба да мерите со големината на вашето чело!
Иако можеби сметате дека е едноставнои дека шишките може да скратите на одредена должина, се лажете! Постојат некои други фактори кои треба да ги земете предвид, вклучувајќи ја и големината на вашето чело. „Во зависност од линијата на вашата коса, треба да ја промените и должината и стилот на шишките“ - вели Викториа. Доколку имате пократко чело со малку простор помеѓу линијата на косата и веѓите, обично е подобро шишките да бидат малку подолги.
# Прилагодете ги на вашиот облик на лице!
Како што Викториа веќе истакна, на секој не му стои ист облик на шишки. Иако сите може да си играат со стилот, важно е да се земе предвид обликот на лицето кога се одбира стилот. На оние со округло лице им е полесно да обликуваат шишки.
# Решете се округлите четки за коса!
Округлата четка за коса е најголем мит за убави шишки. Иако можеби ви е природно да ги сушите шишките со округла четка, Викториа вели: „Не сакате своите шишки да ги направите преголеми, епа не ги сушете со округла четка. Наместо тоа сушете ги со рамна четка во сите правци“.
# Користете сув шампон, дури и на свежо измиена коса!
Кога станува збор за одржување на контролата над шишките и стилизирањето за време на секојдневниот живот, Викториа препорачува користење на некој вообичаен производ без разлика на се. „Сувиот шампон е клучен, дури и на чиста коса“ - вели таа. „Помага за шишките да не се измрсат во текот на денот“ - додава.
Извор: teen385.com