
Музички времеплов: Бритни Спирс како дете „растура“ со пеењето
Теории на заговор, вистини и невистини се општо познато популарни кога станува збор за пеењето на Бритни Спирс - поп принцезата, која одбележа цела една декада.
Помеѓу битката која ја води со сопствениот татко и документарецот кој неодамна излезе за неа, за животот на Бритни сме слушнале се и сешто, а една од теориите е дека таа не знае да пее, гласот во нејзините песни е дотеруван...
А всушност се работи за нејзиниот глас кој таа е способна да го модифицира за да звучи така специфично.
Доказ дека таа знае да пее се и многуте видеа од нејзиното детство, но и настапи во живо на пејачката.
Погледнете ја компилацијата со настапи на Бритни од детството: