Музички времеплов: Се сеќавате ли на изведбата на „1200 милји“ на Гоца Тржан и Тоше Проески?

Музички времеплов: Се сеќавате ли на изведбата на „1200 милји“ на Гоца Тржан и Тоше Проески?

Објавена во: Stars // Музика

Познатата српска пејачка Гоца Тржан деновиве е актуелно во медиумите, откако по неколку години граѓански брат, се заколна на вечна љубов и пред Бог, со нејзиниот сопруг Радомир Раша Новаковиќ.

За нејзиниот приватен живот е заинтересирана и македонската јавност, а за тоа најголема заслуга можеме да кажеме дека ја има дуетот кој таа го сними со нашиот Тоше Проески. Имено, во 2001 година, таа и Тоше ја снимија „1200 милји“, која освен македонска, има и српска верзија.

Оваа песна воедно беше карта и за двајцата пејачи да се промовираат во Македонија и Србија. Иако оваа беше забележа неверојатен успех, беше дури прогласена и за хит на летото во 2001 година, Тоше и Гоца, спречени од работните обврски ретко ја изведуваа заедно во живо.

Еден од ретките моменти кога оваа песна обожавателите можеа да ја слушнат во живо беше во 2003 година, по повод 100 години Илинден, кога Тоше имаше концерт, а Гоца му беше гостинка.

Како звучи оваа песна во живо слушнете во продолжение:


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: