РАЈ ЗА УШИ: Кавери кои го поправаат расположението во време на карантинска монотонија

РАЈ ЗА УШИ: Кавери кои го поправаат расположението во време на карантинска монотонија

Објавена во: Stars // Музика

Додека трае изолацијата и социјалното дистанцирање многу музички имиња споделуваат видеа во кои музицираат - некои соло, некои во дует, а има и такви кои се одлучија за трио. Секако тука се вбројува и хорското пеење и она со цел бенд.

Во продолжение ви ги издвојуваме оние кавери кои го поправија нашето расположение, а се надеваме дека ќе го поправат и вашето:

# Први на нашата листа се учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“ и диригентот Ле Фи Фи, кои ја отсвиреа музичката тема од филмот „Пиратите од Карибите“.


# Уште една хорска изведба слушнавме благодарение на академскиот хор „Мирче Ацев“ и Џокси, кои по повод Велигден ја изведоа најпопуларната песна за овој период „На Велигден сум се заљубил“.


# Следно на нашата листа е триото составено од Александар Митевски, Драган Спасов Дац и најпознатиот македонски тенор Благој Нацески, кои и дадоа посебен музички шмек на макфестовската „Уште ми фалиш“.


# Оваа листа не може да помине без братското дуо „Некст тајм“, односно Мартин и Стефан Филиповски. Тие по повод целата ситуација симболично ги отпеаја и отсвиреа стиховите на „Што и да е ќе помине“, која во оригинал ја изведува Владо Јаневски.


# На нашата листа мораше да има и песна од најпознатата македонска поп ѕвезда - Тоше Проески. Тоа задоволство ни го овозможи евровизиската победничка Марија Шерифовиќ, која придружувана од својот бенд од дома го отпеа хитот на Тоше и Антонија Шола, „Волим осмех твој“.


# Не случајно пред самиот крај ги оставивме момците од дуото ДНК. Тие уште на почекот на ова карантинско лудило ги почестија своите обожаватели со лајв концерт, на кој дефинитивно имаа голема посетеност. На истиот отпеаја многу од своите хитови, но и се вброија и песни кои лично ги сакаат, а не се нивни авторски.


# Од младите ѕвездички тука се е Трајче Ѓоргиев, кој со неговата сестра Нена на свој начин ја отсвиреа и отпеаја „Нема назад враќање“ од Теа Трајковска.


И.М.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: