Римејкот на серијата „Rebelde“ пристигна на Нетфликс: Сѐ што треба да знаеш за новите епизоди

Римејкот на серијата „Rebelde“ пристигна на Нетфликс: Сѐ што треба да знаеш за новите епизоди

Објавена во: Stars // Филм

Серијата „Rebelde“ најверојатно беше една од најпопуларните тинејџерски серии во период од 2004 до 2006 година, кога се емитуваше ширум светот. Кај нас беше преведена како „Бунтовници“, а од неа се родија многу познати личности, помеѓу кои се Анахи и Дулче Мариа. На Нетфликс не му требаше долго за да го увиди потенцијалот што го носи називот на серијата и да направи римејк, кој од 5 јануари е достапен за гледање. Во продолжение е сѐ она што треба да го знаете за оваа серија.

За што станува збор во серијата „Rebelde“?

Сценариото на новата серија повторно е сместено во елитното, приватно училиште „Elite“, а во него се вмешани нови ученици. Училиштето „EWS“ е познато по своите познати ученици - млади луѓе кои се подготвени да го засенат светот. Во неговите сали се обликувале икони кои со своите таленти збавувале милиони, а училниците ги претвориле учениците во ѕвезди, подготвени за големата сцена.

Новата генерација ученици кои се запушуваат во училиштето сонуваат за тоа да станат дел од престижната музичка програма и да победат во Битката на бендови и да станат музички ѕвезди.

Кој глуми во новата серија „Rebelde“?

Новите епизоди ни носат нови ликови, но и нови актерски имиња: некои од нив ни се помалку, други повеќе познати.

Естефаниа Вилареал е Селина и неа ја знаеме од оригиналната серија. Таа сега е директорка на училиштето.

Џована Гриџо е Емилиа, Серхио Мајер е Естебан, Франко Масини е Лука, Памела Алманза е Анита, Алехандро Пуенте е Себас, Азул Гуаита е Хана, Херонимо Кантило е Диксон, Андреа Чапаро е МЈ, Лео де Лозан е Марсело (таткото на Лука), Карла Газкон е Лордес и Лизет Селен е Анди.

Не е познато дали некој од оригиналната постава ќе се појави во оваа верзија од серијата.

Колку епизоди има римејкот на серијата „Rebelde“?

Римејкот на серијата „Rebelde“ има 8 епизоди, а секоја од нив трае 40 минути. За сега не е познато дали ќе се снима и втора сезона од серијата.


фото: Принтскрин од Јутјуб

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: