Знае да зборува 7 јазици и уредува блогови: Интервју со талентираниот Емрах Јусуфоски

Знае да зборува 7 јазици и уредува блогови: Интервју со талентираниот Емрах Јусуфоски

Објавена во: Интервјуа, Таленти

Осмооделенецот Емрах Јусуфоски е талентирано момче од Кичево кое во моментов живее во Скопје и учи во ООУ „Јан Амос Коменски“. Тој своето слободно време го посветува на едно интересно хоби - уредува два болга. На нив тој најчесто пишува совети и споделува интересни – научни факти и информации кои ги чита и смета дека ќе бидат привлечни за неговите врсници. Освен што е заинтересиран за науката и технологијата за него откривме и дека знае да пишува и чита на 7 јазици. Емрах за Hashtag.mk откри од каде ја добил идејата да започне свој блог, што прави во слободно време и која е неговата неостварена желба.

„Идејата да започнам свој блог ми е воедно и желбата со моите врсници да споделам научни информации што сум ги прочитал во некоја книга или сум ги нашол на Интернет.“, ни откри Емрах.

На неговите блогови Createitalone и Sovetzemi може да најдете интересни информации, 
на едниот може да погледнете идеи за креативни изработки и цртежи, додека пак на другиот блог има најразлични совети.

„На едниот блог пишувам и објавувам креативни идеи и цртежи, додека на  другиот блог давам совети и споделувам интересни научни информации кои како што кажав сум ги прочитал некаде. Целта на моите блогови е тоа што сакам моите знаења да ги споделам со моите вресници. “, откри тој.

Тој како што вели слободното време го користи за пребарување занимливости на Интеренет, но исто така свесен е и за фактот дека споделувањето лични информации на блоговите и профилите на социјалните мрежи не треба да се случува колку и тие да се еден вид дневници на модерните генерации. 

„Мислам дека блоговите се еден вид дневници на модерното време, но исто така мислам дека не треба да пишуваме многу лични информации на нашите блогови бидеќи со тоа полека го откривеме нашиот идентитет што воопшто не е добро.“, вели тој.

Емрах ни откри дека во иднина сака да стане порграмер и дека од март годинава откога почнал да го води својот блог започнал и со отстварувањето на неговата најголема желба. Освен тоа тој ни откри и дека знае да чита и пишува на дури 7 јазици.

„Јас зборувам и пишувам седум јазици македонски, српски, англиски, турски, германски, албански и бугарски. Јазиците ги научив од родителите и на училиште и мислам дека колку јазици зборува и познава еден човек повеќе вреди и може да биде разбран и да разбере повеќе народи и култури.“, вели Емрах.

Ако сакате да порочитате некоја корисна информација ова се линкови од блоговите на Емрах:

https://createitalone.wordpress.com/

https://sovetzemi.wordpress.com/


Б.М.


Објавена во: Интервјуа, Таленти

Можеби ќе ве интересира: