Тресеше како да ќе нема утре: Јелена Јованова за земјотресите кои ја погодија Хрватска

Тресеше како да ќе нема утре: Јелена Јованова за земјотресите кои ја погодија Хрватска

Објавена во: Живот // Живот

Актерката Јелена Јованова која е позната по улогата од „Преспав“ во која ја глуми Јелена од Драчево, моментално е во Хрваска со својот сопруг и својот син, кој го роди во месец март, кога исто така имаше земјотреси.

По овој повод и за да ги смири своите блиски и сите кои се загрижени за неа, таа напиша статус на Фејсбук, во кој откри дека таа и нејзините најблиски се добри, живи и здрави. 

„Живи и здрави сме! Психички се оштетив ми се чини за цел живот! Тресеше како да нема крај и како да ќе нема утре! Не можам на сите да ви пишам посебно, неизмерно благодарам за вашата грижа! Страшно и жално за оние кои останаа без своите најмили и без кров над глава! Чувајте се! Верувам ќе помине и ова и ќе биде конечно добро.“ - напиша на својот Фејсбук профил актерката Јелена Јованова.


Фото: Дарко Мораитов

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: