ВИКЕНД ХОРОСКОП: Не се оптоварувајте со ситници и без нагли одлуки
Овен
Училишните обрвски ви се собираат и имате впечаток дека нема да успеете да се изборите со нив, но помошта ќе дојде во момент кога нема да ја очекувате. Затоа, не ни помислувајте да се оптоварувате овој викенд! Се ќе се реши!
Бик
Вашето внимание насочете го на некои пријатни настани и не се оптоварувајте со негативни работи на кои не можете да влијаете.
Близнаци
Овој викенд без причина се карате со парнерот, не се оптоварувајте со мали работи, не може да биде се како што вие ќе замислите.
Рак
Имате нереални очекување кога е љубовта во прашање. Никој не може да ги исполни вашите високи критериуми и вие се тешите дека ви е подобро без нив, но не е така, нели?
Лав
Овој викенд ќе се сретнете со стара симпатија и тоа многу ќе ве направи среќни, но мора да сфатите дека луѓето се менуваат и ќе имате впечаток дека запознавате сосема друга личност. Сепак, тоа не значи дека не е време за дружење, а можеби и за нова љубов.
Девица
Вашиот партнер точно знае што сака да постигне, додека вие се предомислувате. Немојте тоа да влијае на вашата врска, пробајте да се избалансирате помеѓу овие две крајности.