ВИКЕНД ХОРОСКОП: Проблеми во врската за неколку знаци

ВИКЕНД ХОРОСКОП: Проблеми во врската за неколку знаци

Овен

Важно е да не престанете да се обидувате и да вложувате напори во вашето хоби. Ќе ви се исплати времето и вложената енергија. Ќе ви биде тешко да ги решите проблемите со некој близок. Можно е вашата врска да падне во криза.

Бик

Имате доволно време викендов да размислите детално за нов проект или за нова активност. Чекате поволен период за да ја прекинете емотивната врска со која не сте задоволни. 

Близнаци

Подгответе се за компликации кога станува збор за организирана забава од ваши блиски. Ќе имате многу проблеми на забавата. Можно е да не сте имале време да му посветите време на вашиот партнер, организирајте си го времето викендов и поголемиот дел од времето поминете го со партнерот. 

Рак

Може да доживеете голем стрес и неочекувани промени на друштвено поле. Пред вас е лош викенд. Подгответе се за важен разговор со некој близок кој има одредени очекувања од вас.

Лав

Можно е да имате мал проблем во домот и како резултат на тоа може викендов да бидете под стрес. Ако сте во врска, вие се соочувате со неповолна фаза во вашата врска со партнерот.

Девица

Можеби имате некои проблеми во областа на училиштето што нема да ви дадат мир викендов. Имате можност за обична авантура или за некое запознавање што нема да ви значи многу. 

Вага

Викендов може да ви донесе нови можности. Подготвени сте за важни промени. Можно е вашиот сакан да не ви прости за грешките што сте ги направиле во минатото. 

Шкорпија

Викендов нема да бидете во најдобро расположение, бидејќи се уште немате информација за унапредувањето што го чекате. Доаѓа фаза каде што ќе треба да покажете трпеливост. Може да очекувате партнерот да ви ја покаже својата љубов и внимание викендов.

Стрелец

Вие не сакате да се откажете од целите што си ги поставивте. Ако сте слободни, можете да се надевате на добри промени во областа на љубовта. 

Јарец

Викендов ќе бидете импулсивни. Внимавајте на зборовите, бидете повеќе трпеливи. Размислувате за сериозна врска и чекате неколку важни разговори со вашата сакана личност. Подготвени сте за посериозни одлуки.

Водолија

Викендов ќе одвоите време само за себе и за своите желби. Ќе имате помалку проблеми со вашата сакана личност.

Риби

Многу е важно да се посветите на вашата активност ако сакате да постигнете добри резултати после викендов. Ви се допаѓа личноста која покажува дека исто така има некој интерес за вас.

Можеби ќе ве интересира: