Златен медал за 9 - годишната гимнастичарката Ева Соколовска во Германија

Златен медал за 9 - годишната гимнастичарката Ева Соколовска во Германија

Ева Соколовска, која има само 9 години освои златен медал на натпреварот по ритмичка гимнастика, што се одржа во германскиот град Боркен. На овој турнир Ева се натпреварува трета година по ред, и трет пат, во нејзината класа,  го освојува првото место. 

Македонското девојче веќе неколку години реди успеси во Германија. Досега имала 14 натпревари на републичко ниво и на сите го освојувала првото место. За 10- тина дена ја очекува уште еден турнир и според прогнозите, но  и според нејзиниот талент се очекува повторно да се закити со злато. 

Ева е по потекло од Скопје, но со нејзините родители и сестра и Илина, која исто така е гимнастичарка, живее во градот Белефилд во Германија. На натпреварот ја бодреше сестра и Илина, која веќе се натпреварува во бундес лигата.

Можеби ќе ве интересира: