Ќара и возот од стакло (Епизода 6)

Ќара и возот од стакло (Епизода 6)

По десетина минути пешачење низ тесните улици на волшебниот Рим, ние пристигавме пред фонтаната Треви. Тој што бил видел, а тој што не ја посетил искрено посакувам да оди и да ужива во таа волшебна глетка. Тоа не е само фонтана, тоа е како чистилиште на душата. Човек таму сгаќа дека мгијата постои. Светлосината вода и прекрасната линија по која се изработени скулптурите се првите неша кои ќе ви го измамат погледот, но тоа не е сè ви ветувам. Како човек стои покрај фонтаната и гледа во неа сфаќа колку таа е повеќе од само една фонтана. За мене и за Огнен таа фонтана беше почеток на еден нов живот, таа за нас стана наша, мила и најубава. Кога се расчисти гужвата пред нас, ние и двајцата фрливме паричка во фонтаната и си замисливме желба, божем ќе се остварат, а потоа погледавме уште малку во неа и продолживме да шетаме. 

Посакав да се заљубам, да бидам љубена и да љубам, колку што тоа го дозволува моето тело, душа и срце, па дури и повеќе, оваа желба ја посакував веќе неколку години, но никако да се оствари.

Кога човек е во Рим, тој, или барем овој град имаше таков ефект само врз мене, јас заборавив на времето, на животот, на сè, се предадов во рацете на небесните тела и боговите, тие да ме носат и да ми ја одредат иднината. Мирисот на шттуку направена пица се ширеше ноз воздухот, не повикуваше. Луѓето беа среќни, необично среќни . Овде животот мирисаше на живот, љубовта на љубов. Тука како да не допрела алчната човечка рака, како тука никогаш да не пристигнал векот на технологијата, и пропастот на човештвото, тука, тука беше рај, а Рим беше бајка. 

Со Огнен од една мала пицерија купивме две пици и јадејќи ги по патот уживавме во прекрасната мелодија која ја создаваа насмеаните и весели поздрави кои италјаните си ги испраќаа еден на друг. Подоцна како навлегувавме низ така наречените туристички делови, така ја откривавме и другата страна на Рим, онаа која не толку многу не восхитуваше, а сепак повторно не разнежнуваше. 

Моето око беше жедно за уметност, впрочем тоа бев и јас самата, уметник, со стара душа, а детски свет, во тело на осумнаесетгодишна девојка. Кога ги здогледав првите виолинисти, срцето ми се растрепери, запрев и ги слушав. Се претворив во уво, а телото само почна да ми реагра на прекрасната мелодија, Огнен ја препозна страста која вриеше во моите вени и ме повлече за рака, ме заврти, а отоа и тој почна заедно со мене да танцува.

„Мило ми е што дојде со мене“.

„Јас се радувам што на светот постои уште еден лудак како мене“.

Тука заврши нашиот разговор, она што следеше, беше препуштање на нашиот дух и тело кон она неизбежното, кон она на кое никој не може да одолее, се предадовме на ноќта,на градот и на музиката. Оваа вечер ние станавме најдобри другари. Пеку разговорте кои ги водевме шетајќи го Рим, на двајцата ни стана јасно дека ние сме две сродни души на кои им беше „судено“ да ги спојат патиштата.

Петтата епизода од оваа неверојатна приказна, може да ја најдете ТУКА.


Ивона Марковска- Нона, 16 години, ученик во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“-Битола, автор на „Пронаоѓање“- самостојно издадена книга и „Аурора“- издавачка куќа Култура. Исто така автор на приказната „За да те пронајдам“, како и на голем број колумни и текстови. Го уредува и инстаграм профилот @a_soul_of_paper

Можеби ќе ве интересира: