Ќара и возот од стакло (Епизода 5)
Јас и Огнен стоевме на бетонскиот тротоар покрај шините, гледавме во секое ќоше од железничката станица, сè ни беше волшебно, недостижно, но прекрасно. Бевме среќни. На некој начин и двајцата се надополнувавме еден со друг, двајцата посакувавме едно исто и двајцата бевме тргнале кон нешто исто- сакаме да живееме, а не само да постоиме. Суштината на животот честопати сум ја размислувала, сум се ставала во различни ситуации и сум барала излез од различни проблеми и секогаш доаѓав до истиот заклучок- да живееш и да постоиш како живо суштество се две навистина различни насоки. Секој различно гледа врз моралот, етиката, воспитувањето, па дури и врз животот воопшто. Едни сметаат дека исполнет живот е да си создадеш фамилија, други да имаш цврста кариера и одлично образование, трети мислат дека балансот помеѓу семејството и кариерата е клучот до среќен и исполнет живот, четврти дека шетајќи го светот можат да бидат среќни... Јас, јас сметам дека животот е нешто најдрагоцено и дека секој момент од него е подеднакво важен. За мене да живеам не значи и да се претворам во робот кој ќе биде темпиран дека викендот го посветува на фамилијата, а работните денови на кариерата, не мислам ни дека мора да бидеш во брак и да имш деца за да си среќен. Сметам дека секој индивидуално размислиува за својот живот и избира, носи одлуки со цел да оди по „вистинскиот“ пат. За мене среќата не ја носи материјалната способност на човекот, неа јас ја пронаоѓам во едноставноста и елеганцијата, во вниманието, во посветеноста и искреноста. Јас како личност од живото не сакам многу, само да се заљубам, вистински. Сакакм да љубам и да бидам љубена, сакам да се жртвувам, сакам да се борам. Животот во мојот роден град за мене беше премногу обичен, здодевен и некако не доволно инспиративен. Таму јас не се пронаоѓав себе си, не се чуствував ниту исполнето, ниту среќно. Бев човек меѓу роботите, бев пеперутка помеѓу мечките. Моите соништа и моите гледишта кон светот и животот со соништата и сфаќањата на луѓето од мојот мал, роден град Пиран беа сосема поразлични. Затоа, кога конечно наполнив 18 години и кога конечно можам да носам одлуки самата за себе, по долг разговор низ солзи со мојата баба, јас го спакував мојот мал куфер и тргнав на животно патување, кон авантура која ќе треба да ми го определи животот и да ме дефинира мене како личност. Но, заминувањето од родната Словенија не беше баш толку лесно. Се појави и најтешкиот дел, доколку јас заминам сега, тоа значи дека ќе го пропуштам уписниот рок за моите студии. Иако не знаев што сакам да бидам и во која област сакам да стекнам поголеми вештини, бев цврсто решена дека сакам да студирам, впрочем бев голем вљубеник во науката. Така денот кој го одредив за мое заминување се наближуваше, а притисокот во мене растеше. Не знаев како ќе изберам помеѓу двете најголеми љубави во мојот живот, патување или учење. На крај донесов одлука дека својот образовен процес ќе го ставам на пауза, одприлика околу една година, за тоа време ќе патувам, со цел кога ќе се вратам да можам да се запишам на факултет. Така животот ме донесе до овој ден денес, каде јас стојам на бетонскиот асвалт и гледам кон убавата железничка станица во Италија.
Уште стоевме покрај шините кога една млада дама ни се доближи.
„Вие ли сте Ќара?“- Ми се обрати високата и елегантна италијанка.
„Да, јас сум“.- Збунето одговорив.
„Ова е за вас“.- Ми подаде еден бел коверт и потоа изчезна као да ја проголта небото.
Гоотворив ковертот и од него изадив еден бел лист хартија.
Мила Ќара,
Сега веќе можам да ти се обратам, односно да си се обратам самата на себе со мила бидејќи се познаваме. Јас сум Ќара од иднината како што веќе и ти кажав. Добре дојде во Италија. Рим е град на боговите, тука мила моја ти ќе уживаш во секој здив. Секое ќоше крие по некоја тајна. За тебе овој град ќе стане повеќе од само една од најголемите метрополи во светот.
Рим за тебе ќе биде не само инспирација и топлина, тој за тебе ќе биде и љубов. Уживај во секој здив кој го земаш, а наскоро, тука, во волшебната Италија, ти ќе го запознаеш него. Нема да ти откријам кој е и што е, ќе ти кажам само дека ќе се појави на зајдисонце и ќе ти го улови срцето уште со првиот поглед.
Имај убави неколку дена во Рим Ќара, ќе ти пишам повторно, наскоро!
П. С. Огнен е навистина одличен партнер и со него ќе се забавуваш многу!
Со љубов,
Ќара од иднината
Шокираниот израз на лицето ја издаде мојата внатрешна борба со стравот. Иако на првото писмо не дадов никакво значење, сега кога добив ново писмо, ладна пот се пролеа низ мојот грб. Почнав да се прашувам кој си поигрува со мене и со моето ментално здравје. Огнен ја виде експресијата на моето лице и праша што ми е, но решив да не го заморувам со моите мистериозни писма од иднината и му кажав дека сум само изморена од долгото патување. Се качивме во еден минибус и пристигнавме во центарот на Рим. Набрзо потоа пронајдовме еден хостел кој беше одалечен неколку минути од фонтаната Треви (Fontana di Trevi), таму се сместивме, се истуширавме и се пресоблековме. Јас и Огнен делевме иста соба од неколку квадрати во која имаше мал кревет, стар телевизор и еден прозорец. Кога мракот ја налеа својата пријатна темнина врз градот на боговите, ние решивме да се впуштиме во една мала ноќна прошетка на убавиот град и да уживаме во ѕвезденото небо и мелодијата на гужвата.