Младиот Михаил од Велес со своите златни раце секој камен го претвора уметност: Погледнете

Младиот Михаил од Велес со своите златни раце секој камен го претвора уметност: Погледнете

Објавена во: Stars // Интервјуа

Михаил Здравковски од Велес има 14 години и е деветто одделение во ООУ „Блаже Конески“  -Велес. На почетокот на оваа учебна тој беше избран како ученички правобранител. а покрај тоа тој исто така е доста активен во училиштето во кои има организирано доста интересни работи како квизови, забави и други активности.

Надвор од училиштето пак се занимава со една необична професија, особено несвојствена за едно толку младо момче. Тој прави накит кој го продава на својот Инстаграм профил. Исто така тој имал и своја тезга на минатогодишната велешката питијада и заедно со своите роднини продаваа рачно изработен накит, а собраните средства ги донирале на велешката болница.

Иако има необично хоби, тој е обично момче кое како и своите врсници сака да спортува, да оди во теретана, да слуша музика, да црта и да шета во природа. Сепак фокусот го ставивме на она што најдобро знае да го работи, а тоа е правењето накит. Па затоа и ова интервју го започнавме со разговорот, кога се „роди“ љубовта кон овој занает:

- Пред неколку години започнав да собирам и да проучувам разни видови камења, кога за прв пат отидов на работилница за правење накит ги поврзав камењата со уметноста и како истите можат да бидат искористени на најдобар начин.

#: Од колку години почна самостојно да работиш?

- Мојата страна ја започнав на крајот од 2022 година кога имав тринаесет години, но ми беше потребно подолго време за да почнам да напредувам.

#: Кој ти помага во целиот процес на обработка на накитот, дали соработуваш со некого?

- Многу често добивам помош од мојата братучетка. Минатата година на велешката питијада заедно поставивме хуманитарен штанд за продажба на накит, а потоа собраните средства ги дониравме на велешката болница.

#: Колку е тешко да се изработи еден ваков камен, да се обликува и осмисли?

- Времето потребно за обработка зависи од самиот камен, алатите што ги користам и трпеливоста ми ја олеснуваат работата.

#: Што се е потребно за некој да може да почне да се занимава со оваа професија?

- Постојат различни методи за изработување на накит, но без разлика дали користиш жица, конец или пак монистри, битно е да вложиш посветеност, креативност, љубов и трпение во изработката, само така се постигнува посакуваниот резултат.

#: Од каде се инспирираш, кога е во прашање изгледот на накитот?

- Најчесто разгледувам низ министрите и ги бирам оние кој мислам дека би оделе го најдобра комбинација, некогаш пак ако не ми текнува што да искористам барам инспирација од интернетот.

#: Дали е ова твоја работа или го сметаш за хоби?

- Секое продадено парче ми дава инспирација да изработам ново затоа што успева да израдува некој, но истото чувство на радост го добивам и кога ги гледам оние кои сè уште не се продадени. Затоа истовремено го сметам како двете.

#: Дали израборуваш накит по нарачка?

- Да, освен накитот кој е објавен на страната, честопати добивам нарачки да изработам и накит кој го немам објавено, вез разлика дали станува збор за ланчиња, обетки, белегзии и слично.


Елеонора А.


Објавена во: Stars // Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: