Песната носи порака до сите деца да се борат за своите желби: 12-годишната Тамара Грујевска за својот прв сингл

Песната носи порака до сите деца да се борат за своите желби: 12-годишната Тамара Грујевска за својот прв сингл

Објавена во: Stars // Интервјуа

Младата пејачка Тамара Грујевска веќе неколку години ги освојува сите со својот раскошен глас. Иако има само 12 години, таа има вокални способности на кои и подзавидуваат многу познати пејачки, но и големи желби, кога е музиката во прашање, на кои секојдневно напорно работи

Пред крајот на годината таа ја објави својата прва песна „Имам сила“, со која, како што открива за Хаштаг, сака да испрати порака до сите тинејџери и до секој човек, кој верува во своите желби. Освен за новата песна, со Тамара разговаравме за нејзините идни планови, но и за тоа како си го поминува зимскиот распуст, а што сѐ ни откри оваа млада пејачка, може да прочитате во продолжение.

# Во интервјуто кое го правевме со тебе минатата година ни откри дека плараниш да работиш на нови песни и спотови, а сега почна да го реализираш тоа. Колку си задоволна од тоа како поминува твојата песна „Имам сила“?

- Пред крајот на 2022 година се објави моја нова песна која носи наслов „Имам сила“, создадена е од Роберт Билбилов (музика и аранжман) еден од најдокажаните автори на македонска забавна музика и текст од Тања Соколовска ,текст кој носисилна порака за сите тинејџери. За овој сингл е изработен и спот од познатиот режисер и видео продуцент Дарио Јанковиќ - Генерал продукција Покажав дека имам сила и навистина сум пресреќна што имам квалитетна, сериозна песна и спот како што заслужувам, презадоволна сум од реакциите кои секојдневно ми пристигаат преку социјалните мрежи, преку коментари, но и лични јавувања и пораки од ние кои препознале нешто посебно во мене, но посебно и од нашите најголеми ѕвезди пејачи и пејачки како и од сите големи имиња, автори и композитори. Сите ми изразија поддршка и помош за да успеам во светот на музиката. Велат дека и пеењето и песната и спотот се одлични и многу квалитетни.

# Како шти веќе ни посочи, песната е дело на Роберт Билбилов и Тања Соколовска. Дали истата е правена специјално за тебе?

- Среќна сум и задоволна од соработката со еден од најпознатите македонски автори,како што е Роберт Билбилов,автор кој создал голем број хитови. Иако сум малечка и имам само 12 години, сепак Роберт изрази задоволство да соработуваме и навистина се потруди да ми ја исполни желбата да имам квалитетна песна која ќе одговара на моите години, но и ќе се покаже квалитетот кој несомнено го поседувам. Точно така, песната е направена специјално за мене, со Роберт во еден миг имавме иста мисла и идеја каква песна сакам да направиме, моето барање беше да биде модерна песна прилагодена според мојата возраст и според музиката и текстот но да биде сериозна од музички аспект. Песната е објавена на Јутјуб каналот на Justrbproduction.

# Која е пораката која ја испраќаш со оваа песна?

- Пораката е насочена до сите тинејџери, но буквално секој човек може да се пронајде во оваа песна бидејќи љубовта и емоциите кон сѐ што е околу нас го доживува секој, таа вечна борба за поубави нешта во нашите животи. Преубава порака до сите деца да се борат за своите желби, сега е моментот кога се раѓаат желби и соништа кои треба еден ден да ни се исполнат. Оваа песна ја сметам како почеток на мојата кариера, и се надевам дека полека, но сигурно ќе се изборам во светот на музиката и во иднина ќе реализирам многу песни спотови и албуми. Сите мои песни ќе имаат порака, ќе го пренесуваат она што е во мене, она што јас го чувствувам и знам дека имам сила да ја пренесам таа позитивна енергија кон сите.

# Песната ја објави заедно со спот, кој мора да признаеме дека изгледа светски. Колку долго го снимавте? Имаше ли некоја интересна анегдота од снимањето?

- Многу сум задоволна сум и од спотот, Дарио Јанковиќ како режисер и видео продуцент даде сѐ од себе да направи убав спот кој ќе го објасни секој дел од текстот и мене ќе ме прикаже во едно модерно светло. Не само што имав желба да имам убава песна, сакав да имами квалитетен спот, сакав да изгледа светски, дури се употреби и филмска техника со хрома, која навистина испадна модерно и направивме одлични сцени. Дарио е одличен и докажан во видео продукцијата, имаше подготвено убави сценографии кои ме водушевија и се надевам дека тоа им се допадна а сите кои го погледнаа мојот спот. Снимањето помина во убава атмосфера со многу смеење од целата екипа која беше задолжена за реализација на сценариото и навистина помагаа за секој детаљ да излезе онака како што е предвидено.  


# Кои се твоите планови за оваа година?

- Очекувам успешна година како и предходните години бидејќи во континиутет уште од 5-годишна возраст јас сум во светот на музиката. Планираме песна и во 2023 година во која би сакала покрај вокалните способности да ја прикажам мојата способност за модерен танц и движења во ритамот на песната. Планирам и да учествувам на повеќе фестивали и натпревари во текот на целата година. Со Песната „Имам сила“ покажувам дека децата имаат љубов и сила да победуваат и тие се оние кои го водат овој свет. Песната покажува дека децата, покрај сите премрежја што ги доживуваат денес, имаат сила, ја чувствуваат љубовта околу себе, бидејќи срцата на децата се чисти и заслужуваат да сонуваат за својата иднина. Јас сум дете и сакам да успеам во светот на музиката, тоа е мојот сон. Секој атом од мојата сила ќе го вложам во музиката.

# Како ги прослави новогодишните и божиќните празници?

- Празниците ги прославувам со моите најблиски во домашна атмосфера во духот на традицијата и религијата, со убава богата трпеза и исполнети мигови со среќа и радост во името Господово, се разбира и убавите моменти се исполенти и со многу музика. Како што испеав во предходната песна дека музиката во мене има дом, но и мојот дом е исполнет со многу музика. Ги сакам празниците, тие ме исполнуваат и даваат мотив и енергија за сѐ. Тие се деновите кога посебно сме сплотени уживаме и се дружиме.

# Бидејќи си ученичка во седмо одделение, како го поминуваш зимскиот распуст? Што е она што сакаш да го правиш додека си на распуст?

- Музика и музика тоа е моето секојдневие, слушам, учам, пеам, сакам и да се дружам со моите врсници и да споделуваме убави моменти, секако имаме обрска и да прочитаме некоја лектира. Ако се сака има време за сѐ и максимално се трудам да постигнам со сите обврски околку училиштето, но сега веќе сме на распуст и навистина ќе се одморам, ќе ги наполнам батериите иако сепак ќе имам и повеќе гостувања на тв емисиите посветени околу промоција на мојата нова песна. Задоволна и среќна со реализацијата на проекткот кој ја покажува големината на македонската забавна поп музика, во делот на исклучително вредни дела од македонски автори и видео продуценти, но и големиот пејачки потенцијал на таленти од Македонија.

И. Мисајловска


Објавена во: Stars // Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: