Пример за останатите училиште: Едукативни пораки во средното училиште „Св. Наум Охридски“ од Охрид со акцент на правописните грешки (ФОТО)

Пример за останатите училиште: Едукативни пораки во средното училиште „Св. Наум Охридски“ од Охрид со акцент на правописните грешки (ФОТО)

Објавена во: Совети // School zone

Училиште кое може да послужи за пример на останатите...

Откако пред неколку месеци во ООУ „Ристо Шуклев“ од Негорци и ОУ „Видео Подгорец“ од Струмица ги споделија своите креативни и едукативни дела, со кои ги украсија ќошињата во училиштето, сега вакво креативно дело сподели и едно средно училиште.

Станува збор за средното училиште ,,Св. Наум Охридски" од Охрид, кое на чело со професорките по македонски јазик, ставија акцент на најчестите грешки во пишувањето на нашиот мајчин јазик.

Фотографиите од креативното и едукативно дело, се најдоа на Инстаграм профилот @lektorkata, односно Марија Лозаноска, сестрата на познатиот пејач Влатко Лозаноски.

„Еден огромен аплауз за учениците и нивните професорки по македонски јазик од средното училиште ,,Св. Наум Охридски" од Охрид! Овие проекти се толку лесни за правење и практични за секојдневно потсетување, но се од огромна важност за македонскиот јазик. Младината е таа која ќе ни го продолжи јазикот, па ајде да ја научиме како се прави тоа.“ - напиша таа покрај фотографиите кои ѝ ги испратиле од училиштето.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: