Македонско училиште за пример: Едукативни пораки испишани низ целото училиште (ФОТО)
Оригинално, едукативно, креативно...
ООУ „Ристо Шуклев“ од Негорци е училиште за пример. Тоа го постигнаа учениците и вработените под раководство на наставничката по Ликовно образование, Анамарија Митриќеска-Кал’чева.
Четките за сликање, боите, имагинацијата и љубовта кон работата вродија со плод, а резултатот за тоа се едукативните содржини од многу области кои може да се забележат во секое ќоше.
„Една од најубава учебна година привршува. Проектот „Едукативна декорација на училишниот простор во ООУ „Ристо Шуклев“ - Негорци“ го почнавме во септември, но допрва треба да продолжи...
Низ работа, забава и смеење со учениците успеавме да направиме нешто многу убаво.
Радосна јас, радосни децата, радосни наставниците, повеќе од ова не можам да кажам, радост ми е.
Благодарност до директорката Жаклина Линкова што безрезервно ме поддржа во идејата и целиот проект“ - напиша на својот Фејсбук профил умот на овој проект, наставничката Анамарија.
фото: Фејсбук