
Ова е сестрата на покојната Ксенија Пајчин: Копија на пејачката?!
Фото насловна: Википедија
Пејачката Ксенија Пајчин, трагично го загуби животот пред петнаесет години, а зад себе ја остави сестра си Миа Пајчин, за која многумина велат дека е нејзина копија.
Миа често објавува фотографии на својот Инстаграм, а поради убавината со која плени, многумина ја споредуваат со нејзината сестра, која важеше за една од најубавите пејачки на српската сцена. Во една прилика, таа исто така откри дека сака да продолжи по стапките на нејзината сестра, барем до одреден степен, поточно, да глуми и истакна дека и се восхитува на Ксенија.
- Ксенија беше многу енергична личност, можеше да стори сé! Имаше силен и цврст став, таков беше нејзиниот стил. Толку бунтовна, таа ја долови сопствената и уникатна убавина. Многумина велат дека многу личам на неа. Многу ја сакав и се восхитував - истакна еднаш Миа за „Курир“.
Фото: Инстаграм/Миа Пајчин