Математичкиот гениј од Штип успесите ги чува за себе: Најдобриот во државата не сака да зборува јавно за достигнувањата

Математичкиот гениј од Штип успесите ги чува за себе: Најдобриот во државата не сака да зборува јавно за достигнувањата

На почетокот на оваа година, целата јавноста за првпат слушна за најдобриот математичар од нашата држава, основецот Дамјан Давков. Ова момче, кое е ученик во О.У. „Ванчо Прќе“ во Штип, заедно со неговиот наставник Кокан Радев не можеа да добијат награда од Министерството за образование и наука

Причината за оваа одлука на МОН, ги разгневи блиските на овој млад гениј, но и јавноста, бидејќи како што многумина пишуваа истата е нелогична. 

За потсетување, Дамјан Давков од Штип и неговиот наставник, иако беа прваци во земјава на сите натпревари по математика, не успеаја да ја добијат паричната награда, бидејќи прописите на Министерството за образование утврдија дека детето е во осмолетка. Иако тој се натпреваруваше во конкуренција со средношколци и е најдобар, министерството сепак одлучи да не му ја даде наградата.

Од тој момент, па натаму постојано се зборуваше и пишуваше за успесите на Дамјан. Последниот во низата успеси, кои овој млад математичар може да ги додаде на листата е освоеното злато на Јуниорската балканска математичка олимпијада - ЈБМО. Олимпијадата се одржуваше во Молдавија, а иако Давков се врати во Македонија со злато и се вброи помеѓу најдобрите, сепак не успеа да стане балкански првак. И за ова имаше многу шпекулации, бидејќи дел од медиумите го прогласија за првак, по што неговата мајка, Никица Давкова изреагира на својот Фејсбук профил и ја објасни целата ситуација. Таа посочи дека нејзиниот син освоил злато, но дека немал најмногу поени за да биде прогласен за првак на овој натпревар.

Успесите на Дамјан постојано ги споделува неговата мајка, па од она што може да го видиме на нејзините профили на социјалните мрежи, младиот математичар заврши како второрангиран и освои златен медал на 28 - та Македонска математичка олимпијада, која се одржа оваа година. Исто така тој ќе се натпревува и на Меѓународната математичка олимпијада, која годинава ќе се одржува во Санк Петербург од 14.07.2021 до 24.07.2021 година.

За скромноста на овој основец, кој зад себе има безброј успеси, освени медали на многу натпревари по математика, како во нашата држава, така и пошироко, говори и фактот што сè уште не сака да дава интервјуа и не сака дополнително да се експонира во јавноста. Своите успеси на некој начин ги чува за себе и со сево ова докажува дека сето тоа го прави со голема љубов и посветеност.

Р.Х.

Можеби ќе ве интересира: