Дамјан не е балкански првак: Мајката на Давков го потврди златниот медел, но не и првото место
Медиумите во нашта земја со брзина на светлината ја споделија веста за новиот успех на младото момче од Штип, Дамјан Даков, кој на Јуниорската балканска математичка олимпијада освои злато.
Оваа вест ја сподели неговата мајка на својот Фејсбук профил:
„Осмоодделенецот Дамјан Давков освои злато, Алексиј Тасиќ сребро, Бранко Јангеловски и Леонид Тодороски бронза на Јуниорска балканска математичка олимпијада (ЈБМО) чиј формален домаќин беше Кишињев, Молдавија. Во нашиот тим членуваа и Миша Веселински и Михаела Смилевска, под лидерство на професорите Делчо Лешковски и Борче Јошевски (заменик-лидер). Набљудувач на нашиот тим беше проф. Д-р Ѓорѓи Марковски.
Нашата екипа се натпреваруваше виртуелно во просториите на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Нашето учество го организираше Сојузот на Математичари на Македонија.“
Но, оваа вест беше погрешно пренесе, па мајката на ова талентирано момче за бројки реагираше уште еднаш. Никица Донева, на својот Фејсбук профил напиша уште еден статус во кој посочи дека Дамјан освои злато, но дека немал најмногу поени од сите ученици кои освоиле злато, со тоа што посочи дека тој не е балкански првак.