Чудото од дете од Штип остана без награда: Иако е најдобар по математика во земјата, МОН го одби
Дали оваа одлука е правилна?
Фејсбук групата, Штипска идила, која има голем број на членови, ја објави веста за осмооделенецот Дамјан Давков, кој заедно со неговиот наставник не може да добие награда, иако е првак по математика, бидејќи бил во осмолетка, а се натпреварувал во ранг на средношколци.
Всушност, Дамјан Давков од Штип и неговиот наставник, иако се прваци во земјава на сите натпревари по математика, не успеале да ја добијат паричната награда, бидејќи прописите на Министерството за образование утврдиле дека детето е во осмолетка. Иако тој се натпреварува во конкуренција со средношколци и е најдобар, ова министерството сепак одлучило да не му ја даде наградата.
Еве што пишува на фејсбук групата.
„Се сеќавате ли на штипскиот Питагора, на детето чудо?
Нашата штипска, македонска гордост што ни ги топлеше срцата со неговите подвизи. Дамјан, уште од најниските одделенија се натпреваруваше со ученици неколку генерации поголеми од него и убедливо со максимален број на поени секогаш беше прв на натпреварите по математика. Иако е осмо одделение, тој се натпреварува со средношколци и таму е убедливо прв со максимален број на поени.
Најбитното.
Наместо ваквите чуда од деца, носители на медали од математички олимпијади да ги мотивираме, како би останале во државава, се случува невиден циркус. Имено во решението (видете сликата), на Дамјан не му следува парична награда од причина што е основец, а е државен првак по Математика во конкуренција на средните школи. Да потсетам дека Дамјан сега е осмо одделение.
Дамјан Давитков, ти си нашата гордост“, се вели во постот на оваа фејсбук група.
Еве што е наведено во документот кој бил добиен од Министерството.
„Барањето за доделување на парична награда за освоено прво место на државен натрпревар по математика, прва година, од ученикот Дамјан Давков, и наставникот Кокан Радев од ООУ „Ванчо Прќе“ Штип, се одбива.
Комисијата за доделување на парична награда за освоено прво место на државен натпревар на ученикот и на наставникот кој го подготвувал ученикот за натпреварот, постапувајќи по горенаведеното барање, а согласно член 24 од Законот за средно образование, Правилникот за начинот и поблиските критериуми на организирање и изведување на натпреварите на учениците по одделни предмети на општионско, регионално и државнио ниво во средното образование, и Извештајот од Сојуз на математичари на Македонија, изврши увид во доставената документација и со Извештај од Комисдијата утврди дека ученикот и наставникот не ги исполнуваат условите за доделување на парична награда, бидејќи ученикот е редовен ученик во основно образование, одмносно наставникот е наставник во основно образование, а натпшреварите се за ученици и наставницви во средно образование“, се вели во Решението од Министерството за образование и наука.