12 години тага за Марија (8), која соседот ја намамил и брутално ја силувал: Допрва требаше да го запознае животот

12 години тага за Марија (8), која соседот ја намамил и брутално ја силувал: Допрва требаше да го запознае животот

Објавена во: Совети // Семејство

Извор: telegraf.rs/приватна архива

Монструмот, соседот која ѝ го скрати детството, ѝ го скрати животот, умре во затвор без судење, а камоли казна.

Имала само осум години кога на 26-ти јуни 2010-та година била силувана и удавена од нејзиниот сосед Младен Огулинац во Стари Лединци. Денеска би наполнила 20 години. Нејзиното име беше и ќе биде Марија Јовановиќ, а секогаш ќе биде Марија, поради чија жртва Србија доби закон со кој се казнуваат педофилите.

Малата Марија исчезнала од својата куќа каде била со својот помал брат. Соседот Огулинац го искористил своето познанство со девојчето, бидејќи неговата сестра ги чувала Марија и нејзиниот брат, и ја намамил во неговата куќа на улицата „Вук Карџиќ“.

Телото на девојчето го пронашол таткото на Марија, Слободан во дворот на монструмот.

Во доцните вечерни часови Жандармеријата го уапсила Огулин. Два месеци подоцна, точно на денот на роденденот на Марија, тој беше пронајден мртов во затворската ќелија во Окружниот затвор во Белград.

Почина од срцев удар и не се соочи со судење, а камоли казна.

Не видела ништо во животот, освен детска игра. Допрва требаше да го запознае животот. За да се запознае со училиштето, времето на студирање..

За ниту едно дете да не ја доживее судбината на Марија, нејзиниот татко Слободан покренал иницијатива, благодарение на која во 2013-та година бил донесен законот на Марија. Со овој закон е елиминирана секаква можност за застарување на кривичното дело педофилија и силување на малолетни лица, а мерките против педофилите и силувачите се заострени. Формирана е и евиденција за педофили со ДНК податоци.


Извор: Telegraf.rs


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: