21-годишна девојка изела чоколатце по тренинг и умрела: Фатална грешка со трагични резултати
Фото: printcsreen youtube
По тренингот во теретана, 21-годишната Мејзи решила да се почести со чоколатце што се покажало како фатална грешка
Мејзи Дурант најверојатно страдала од ретка состојба позната како анафилакса индуцирана од вежбање, во која вежбањето предизвикува екстремно тешка и потенцијално фатална алергиска реакција.
Мејзи отсекогаш била алергична на јаткасти плодови, но внимавала на храната што ја внесувала во организмот, па благите реакции ги држела под контрола со лекови кои се издаваат без рецепт.
По вежбањето во теретана, 21-годишната Мејзи купила и однела дома чоколатце, целосно несвесна дека во неа има траги од јаткасти плодови. Кога стигнала дома, го изела и се онесвестила. Нејзиниот татко во шок повикал брза помош, па со нив отишол во болница, каде младата девојка набрзо починала, пред очите на нејзиниот очаен татко.
Експертите тврдат дека вежбањето може да ги влоши симптомите на алергија на јаткасти плодови, бидејќи го прави желудникот „пропустлив“. Ова им овозможува на алергените побрзо да навлезат во крвта, па крвта побрзо се движи низ остатокот од телото. Таткото на Мејзи изјавил дека нејзината контрола на алергија овој пат не функционирала само затоа што таа вежбала.
„Таа неодамна почна да вежба и отсекогаш внимавала да ги пие таблетите против алергија. Сепак, требаше да има пенкало за анафилакса и некој подобро да ја научи за опасностите од алергиите. Она што посакувам е сите со алергии да бидат целосно опремени и образовани“, нагласува таткото на Мејзи и додава:
„Мислам дека никој не може да разбере како е да се гледа такво нешто. Беше ужасно. Болничарите направија сè што можеа, но беше предоцна“.
Извор: najzena.rs