24-годишната Инес од Скопје ги разнежни сите во „Ѕвездите на Гранд“: Ниту тремата не ѝ застана на патот да ги покаже своите квалитети (ВИДЕО)

24-годишната Инес од Скопје ги разнежни сите во „Ѕвездите на Гранд“: Ниту тремата не ѝ застана на патот да ги покаже своите квалитети (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Во саботата се емитуваше 10-тата емисијата од овогодинешната сезона на натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“. Токму во ова божиќно издание се претстави уште еден одличен вокал од нашта држава.

Скопјанката Инес Губериниќ, со своите 24 години ги разнежни сите членови на жирито, но и публиката со изведбата на првата песна, познатата балада на Тијана Богичевиќ „Хајде онда ништа“. За втора, брза песна го одбра безвременскиот хит од групата Ванна - „Као да ме нема ту“, за што освои 6 гласа од жирито.

За време на нејзиното пеење, Марија Шерифовиќ го даде следниот коментар: „Како ги погодува овие тонови со полн глас“, а на крајот Инес ја одбра токму неа за ментор.

Настапот на оваа млада скопјанка, може да го погледнете во видеото во продолежние, од 9:40 минута:


фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: