5 книги во кои ќе пронајдете задоволство и мудрост
Стефан Марковски на неполни 28 години е автор на книги од различни жанрови и области. Има освоено бројни признанија за својата поезија и проза. Тој современ македонски писател, поет, сценарист и филозоф. Дипломирал на Општа и компаративна книжевност и на Институтот по филозофија, а пред неполна недела магистрираше на Факултетот за Драмски Уметности – насока Филмско и ТВ сценарио.
Го
Го прашавме Стефан кои 5 книги според него би требало да ги прочита секој тинејџер.
„Ако се ограничиме на 5 книги, пожелно би било да се опфатат дела од различни правци и сфаќања на уметноста на зборот, како младиот/та читател/ка би го пронашол/ла истовремено задоволство, но и мудрост, евентуално дидактика и во оваа смисла, првите кои ми паѓаат на ум се: „Песни на невиноста и искуството“ (В. Блејк), „Авантурите на Артур Гордон Пим“ (Е.А. По), „Игра во ‘ржта“ (Џ. Д. Селинџер), потоа можеби „Браќа Карамазови“ (Достоевски) и по некој стих на Есенин, нешто од „Исповед на хулиганот“ или дебитантската „Радуњица“ , советува Стефан.
фото: Ани и Дими