5 модни правила на кои СЕКОГАШ треба да внимаваш

5 модни правила на кои СЕКОГАШ треба да внимаваш

Објавена во: Мода // Moj стил

Ќе изгледаш супер, но и ќе се чувствуваш добро во своите комбинации

Не сакаш да облечеш нешто само затоа што е ИН или затоа што си видела дека тоа супер и стои на Кендал Џенер. Постојат неколку совети кои секогаш треба да ги земеш предвид кога купуваш облека и кога ги комбинираш парчињата, а овие модни правила ќе ти помогнат во тоа.

Овие 5 правила не би ти препорачали да ги прекршуваш и би било добро секогаш да се држиш до нив:

# Доколку во некое парче облека едвај те собира или ти е преголема и паѓа од тебе - немој да го носиш

Немој да смислуваш начини како да ги вклопиш панталоните кои ти се убави, но едвај ги облекуваш. Доколку не се чувствуваш удобно во нешто, немој да пробуваш да го исфорсираш и со сила да го носиш, бидејќи колку и да се трудиш, нема да изгледа добро, а нема ни да се чувствуваш добро.

# Немој да носиш нешто што е валкано или нема копче

Само затоа што мислиш дека никој нема да ја забележи таа дамнка, не значи дека тоа навистина ќе се случи. Во такви парчиња облека ќе изгледаш неуредно и ќе делува како да не внимаваш на личната хигиена.

# Доколку постојано треба да ја поправаш облеката - промени ја

Доколку некој парче облека или целиот изглед мораш постојано да го поправаш, бидејќи инаку нема да изгледа добро, најдобрата работа која можеш да ја направиш е да го соблечеш тоа од себе и облечеш нешто друго.

# Инвестирај во чанта или ранче

Да имаш чанта или ранче кое одлично ќе одговара на повеќе комбинации е клучно правило. 

# Избегнувај облека со лош квалитет

Сите сакаме да заштедиме, но немој никогаш да заборавиш да го забележиш квалитетот. Дали шаловите се распаѓаат, дали копчињата се лабави... таквите работи секогаш проверувај ги.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: