Априлијада во домот на министерот за надворешни работи: Бујар Османи покажа во што се маскираа неговите деца (ФОТО)

Априлијада во домот на министерот за надворешни работи: Бујар Османи покажа во што се маскираа неговите деца (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Денот на шегата е дефинитивно ден на кој децата најмногу му се радуваат. 

За први април и големи и мали се маскираат во своите омилени супер херои или пак омилени ѕвезди, некои во она што сакаат да бидат кога ќе пораснат, а има и такви кои се маскираат во омилените ликови од телевизиските серии.

Исклучок од ова не се ни децата на познатите личности, кои на социјалните мрежи споделија во што се маскираа нивните најмили. Помеѓу бројните пејачи, актери, водители и министерот за надворешни работи, Бујар Османи ги откри маските на своите деца.

„Подготвени“ - напиша на фотографијата на која во прегратки му се неговиот син, маскиран во полицаец и ќерка, која оваа Априлијада се одлучи да биде навивачка.


фото: Принтскрин / Фејсбук

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: