Ариана Гранде ги расплака обожавателите: На посебен начин му оддаде почит на починатото поранешно момче

Ариана Гранде ги расплака обожавателите: На посебен начин му оддаде почит на починатото поранешно момче

Објавена во: Stars // Музика

Секогаш успева да направи нешто што ќе ги изненади обожавателите, но на позитивен начин...

Обожавателите на Ариана Гранде секогаш повторно се расплакуваат кога пејачката на некој начин ќе се присети на поранешното момче Мак Милер. Сега тоа го направи на последниот концерт кој го одржа пред неколку дена.

Со оглед на короната, тоа не беше обичен концерт, туку вирален и тоа во популарната игра „Fortnite“. Да, Ариана за време на викендот имаше концерт во играта, а дури доби и свој аватар кој излгеда идентично. Ги изведе своите најголеми хитови, вклучувајќи ја и „The Way“, дуетот со поранешното момче Ман Милер. И тоа е моментот кој го го украде целото шоу. Сите зборуваат само за посебниот начин на кој му оддала почит на починатото момче.

Веќе поминаа 3 години од неговата смрт, но Ариана и понатаму редовно се присетува на Мак на концертите и во објавите на социјалните мрежи. Секогаш ги разнежнува сите во таквите моменти, а ниту овој не беше исклучот. Кога свиреше делот на Мак од песната, аватарот на Ариана се качуваше по скалила кои водат до небото, т.е. до рајот. Сите тоа веднаш го интерпретираа тоа дека сака да каже дека Мак сега е ангел во рајот.




Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: