Дали менструацијата навистина престанува во вода?
Има некоја вистина во тоа дека крварењето мистериозно престанува кога сте во вода. Иако можеби делува дека менструацијата магично престанува кога влегувате, на пример во базен, но она што навистина се случува е стара, добра физика.
Начинот на кој тоа функционира е малку просветлувачки: иако матката продолжува да се чисти - кога сте целосно под вода, притисокот ја поништува гравитацијата поради која крвта излегува од вагината. „Не е дека престанувате да крварите“ - вели Џесика Шеперд, професорка по гинекологија и акушерство на Универзитетот во Чикаго, Илиноис. „Повеќе е во прашање тоа што постои притисок кој спречува крвта да истече“ - додава таа. А овој ист трик се однесува на тоа и кога лежите во када полна со вода.
Сепак, стравот кој постои кај некои од вас е вистински. Менструацијата, може да трае од три до седум дена и за време на менструалниот циклус жените во просек губат од 30 до 40 милилитри крв - кој може да каже дека тој одлив нема да го најде својот пат и да предизвика некои непријатности во вода?
Најлоша работа која би можела да се случи: Само поради тоа што гравитацијата е најголем пријател на жените за време на менструацијата, сепак постои ризик доколку се накашлате или кивнете да испуштите мала количина на крв во водата.
Затоа доколку се капете за време на меструалниот циклус, најдобро би било да користите тампон и да бидете мирни и да не стравувате од несакани ситуации.