Дали знаевте дека најпознатиот македонски пејач имаше стрип? Ова е „Супер Тоше“

Дали знаевте дека најпознатиот македонски пејач имаше стрип? Ова е „Супер Тоше“

Доколку беше жив, нашиот Тошка вчера ќе го прославеше 41-от роденден...

На 25 јануари 1981 година, се родил еден од најпопуларните и најсаканите пејачи на балканските простори, Тоше Проески. Доколку беше жив, вчера ќе наполнеше 41 година.

Тоше Проески даде голем допринос, кога е музиката во прашање, беше предобар човек, а дали знаевте дека за него е направен и стрип кој носеше наслов „Супер Тоше“? Направен е склоп на хуманитарната кампања под слоганот „Суперхерој на човештвото“

Борбата против злото, емилиминирањето на непријателот, и победата на доброто беа главни точки на стрипот „Супер Тоше“, каде главниот херој беше заснован по ликот на Тошка.

„Супер Тоше“ ги имаше сите доблести и карактеристики кои ги имаше Проески. Стрипот беше создаден со цел да се изгради измислен суперхерој кој ќе биде идол на младите.

Ниту самиот Тоше не го криеше задоволството што доби стрип, а што изјави по тој повод погледнете во видеото во продолжение:


Доколку сакате да го прочитате и погледнете овој стрип, обратете се кај вашите повозрасни роднини кои во тоа време му беа обожаватели на Тоше, сигурно некој од нив го чува.


Можеби ќе ве интересира: