Фотографијата од најмладата ќерка на Роналдо предизвика голема дебата поради два детали: Дали тоа е премногу за едно бебе?
Георгина Родригез и Кристијано Роналдо неодамна станаа родители по втор пат, додека фудбалерот има уште три деца кои му ги родија сурогат мајки.
Георгина Родригез и Кристијано Роналдо најпрво со емотивна објава ги растажија следбениците кога открија дека дошло до проблеми во бременоста со близнаците, и дека Георгина на свет ја донела само ќерката Бела Есмералда, додека брат ѝ близнак починал.
Тие по излегувањето од болница споделија голема семејна фотографија, која сведочи дека сите заедно се пресреќни, но и дека истовремено се опоравуваат од трагичната загуба.
Георгина сега го привлече вниманието со една посебна објава, но привлече и малку негативни коментари. Таа ја фотографирала Бела Есмералда додека спие и два детали на сите им паднаа во очи.
Имено, лесно може да се воочи дека бебето има лигавче со потпис на брендот Диор, па се наметна прашањето зошто на бебето му треба нешто толку скапо, но тоа не е единственото нешто што предизвика негативни коментари.
Роналдо и Георгина ѝ ги дупнале ушите на малата Бела Есмералда, која уште нема ни три месеци. Ова предизвика жестока дебата со оглед на тоа колку е старо бебето и дали е потребно во тој период да има обетки.
фото: Принтскрин / Инстаграм