Го кренаа гласот против расизмот: Тејлор, Ариана и Били помеѓу најгласните
Били Ајлиш, Ариана Гранде, Бијонсе, Тејлор Свифт и Џиџи Хадид се само некои и ѕвездите кои го кренаа својот глас против расизмот и повикаа на протести кои овие денови се одржуваат во Соединетите Американски Држави, поради убиството на Џорџ Флојд, афро - американецот кој беше убиен од страна на полицаецот Дерек Човин, покрај тоа што починатиот не бил наоружен и го молел полицаецот да ја тргне ногата од неговиот врат.
Ова убиство само уште еднаш го нагласи расизмот, кој е присутен во американското општество, а кој е највидливо во односот на полициските сили помеѓу граѓаните кои не се со бела кожа.
Џиџи Хадид е една од оние кои го искажаа своето незадоволство поради настанот и ги повика своите следбеници да ја потпишаат петицијата за правдата да биде задоволена.
Ким Кардашијан Вест напиша дека повеќе не може да слуша и дека ова е борба - борба на сите луѓе за еднаквост.
Тејлор Свифт на Твитер ги осуди потезите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој веќе со денови прави разлика помеѓу протестите на белите и црните луѓе.
„Шириш бела надмоќ и расизам за време на целиот претседателски мандат и уште без срам зборуваш за морална надмоќ додека се закануваш со насилство?! Ќе гласаме против тебе во ноември.“
Гласна беше и Били Ајлиш која со серија објави на социјалните мрежи посочи на нееднаквост, повика на помош на семејството на починатиот и се обиде да им го објасни на луѓето терминот #BlackLivesMatter (Црните животи се важни), со директно обраќање на луѓето.
„Општеството ви дава привилегии само затоа што сте бели. Можете да бидете сиромашни, да имате проблеми, но и понатаму, поради бојата на кожата сте во подобра положба отколку што мислите дека сте, но никој не влеи дека поради тоа сте подобри од другите. Не мора да се грижите за опстанокот поради бојата на кожата. Привилегирани сте!“ - објасни таа.
„Зошто е во ред белите луѓе да протестираат со оружје затоа што се замолени да останат дома во своите куќи? Зошто е во ред да ги навредувате црните луѓе затоа што протестираат поради убиството на невина личност?“ - продолжи таа.
Ариана Гранде, Хелси, Емили Ратајковски, Медисон Бир, Тинаше беа само некои од собраните на протестите одржани во Лос Анџелес.
Полицијата ги апсеше оние кои протестираа и ги бркаше со гласни бомби и солзавец, но девојките храбро продолжија да ги носат пораките против расизмот.