Како да ги избегнеш сајбер-насилниците и хејтерите на Интернет
Твојот профил на некоја од социјалните
мрежи е само твој, затоа немој да дозволиш туѓите коментари да ти го расипат
расположенито. Еве како да ги избегнеш сајбер-насилниците и хејтерите на
Интернет.
# Ако се чувствуваш лошо, загрозено или на кој било начин повредено, заради нечив коментар, статус или порака, веднаш блокирај ја од твојот профил личноста што го напишала тоа. Секако немој да се срамиш за тоа да зборуваш со родителите или наставниците – насилството не е прифатливо во ниту една форма.
# Погрижи се твоите профили на која било социјална мрежа да бидат приватни и да не му бидат достапни секому, туку само на твоите пријатели. Логиката е сосема јасна, никој под твоите фотки нема да може да остава злобни коментари доколку тоа не му е допуштено.
# Никогаш не одговарај на злобните објави и коментари, уште помалку на навредливите приватни пораки. Сајбер насилниците со навредите сакаат да предизвикаат реакција. Ако одговориш тоа им е доволо да продолжат со малтретирање. Подобро е да ги игнорираш нивните коментари, блокирај ги и пријави ги.