Ќерката на починатиот актер е коски и кожа: Ја молат да јаде, а да може, покојниот татко би излегол од гроб за да ѝ помогне (ФОТО)
Ќерката на Пол Вокер, кој почина во стравична несреќа, денес шокира со изгледот и сите се согласија дека никогаш не била волку слаба...
Медоу Вокер, ќерката на трагично настраданиот актер Пол Вокер ги изненади следбениците со новите фотографии од одморот на Костарика.
Убавицата која веќе некое време гради кариера во светот на модата, отпатува на егзотичната локација со својот сопруг, од каде секојдневно споделува сториња и ги известува обожавателите за своите авантури.
Меѓутоа, нејзиниот Инстаграм експлодираше по селфито во огледало на кое младата манекенка е во костим за капење, бидејќи дури на него се гледа колку е ослабена.
Медоу и порано беше слаба, но никогаш волку, а поради новите фотографии многумина почнаа да ја молат нешто да јаде.
Нејзините раце станале само коски и кажа, нозете ѝ се тенки, додека ребрата буквално ѝ се оцртуваат. Оваа глетка на многумина не им се допадна, и ја искритикуваа дека на младите девојки им дава лош пример.
Имаше и такви кои додадоа дека е „страшно што се враќа модата на преслаби манекенки“. Други пишуваа дека „и нејзиниот татко би станал од гроб само за да ѝ помогне, бидејќи е очигледно дека ѝ е потребна помош“.
Манекенката во еден момент ги исклучи коментарите, но луѓето продолжија да ја коментираат на другите социјални мрежи и апелираат дека Медоу треба да добие помош и тоа што е можно побрзо.
„Тргнала на пат без враќање“, „Те молам, ова не е здраво, мораш да побараш помош“, „Твојот татко не би го сакал ова“, „Зошто Холивуд секогаш ги уништува младите луѓе“, „Медоу, јади нешто“, „Коски и кожа“, „Луѓе, таа е сѐ послаба, погледнете ѝ ги старите фотографии“, „Татко ѝ се превртува во гроб“ - се само дел од коментарите кои може да се прочитаат.
И навистина, доколку ги споредите новите со старите фотографии, разликата во килограмите е јасно воочлива. На Медоу сега ѝ се оцртува секоја коса, и не е изненадувачки фактот што многумина се загрижени.
Впрочем, погледнете и сами една од ретките фотографии како изгледала некогаш:
Сепак, на крајот од денот, манекенката одбива да ги коментира наводите дека е анорексична.
фото: Принтскрин / Инстаграм