Луксуз од 570 квадрати на Беверли Хилс: Овде живеат Џастин и Хајли Бибер

Луксуз од 570 квадрати на Беверли Хилс: Овде живеат Џастин и Хајли Бибер

Објавена во: Совети // Семејство

Двојката детално ја среди куќата, која првично била изградена во 1932 година...

Пејачот Џастин Бибер и неговата сопруга Хајли купија вила во Беверли Хилс, Калифорнија во 2019 година за 8,5 милиони долари.

Имено, луксузната вила, која тие ја нарекоа „The Tropics“, има 570 квадратни метри, а првично била изградена во 1932 година, но неодамна повторно беше обновена. Пејачот, секако, мислеше на секој детаљ, па нивниот дом е многу добро уреден. Куќата во која ужива двојката има пет спални соби, седум бањи, дневна соба и светла кујна со бел централен „остров“, додека кујнските елементи се направени од даб. Вилата има два ката и е пространа за разни активности. На приземјето има кино, библиотека обложена со дрва, бар и винарска визба, пренесуваат странските медиуми.

Од дневната соба и кујната може да се излезе во дворот, каде што има таканаречен базен без рабови, како и еден помал базен, тераса со камин, а целиот двор е опкружен со маслинови дрвја.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: