Мајка ја прашува својата ќерка дали е добра: Девојчето ѝ дало брутално искрен одговор
Искреноста е доблест која го краси скоро секое дете. Тоа важи и за ова девојче, кое не можело да лаже кога мајка ѝ ја прашала дали е добра. Рејчел на својата ќерка ѝ поставила неколку прашања, а таа на скоро секое од нив одговорила потврдно.
Мајка: Дали си паметна?
Ќерка: Да!
Мајка: Дали си силна?
Ќерка: Да!
Мајка: Дали си храбра?
Ќерка: Да!
Мајка: Дали си убава?
Ќерка: Да!
Мајка: Дали си добра?
По ова прашање девојчето застанало, поцрвенело, па признало: „Не баш...“
@rachaelparker07 Well, that took a turn. #fyp #toddlersoftiktok original sound - Rachael
Симпатичното видео има 27.4 милиони прегледи и повеќе од 5.6 лајкови.
„Барем знаеме дека е искрена“, „Да признаеш дека имаш проблем е првиот чекор“, „Свесна е за себе. Редок квалитет“ - се коментарите на корисниците на ТикТок.