Матуранти, остав: Животот ви сплете една приказна и покажа дека не секогаш е розов како го замислуваме сите
Вчерашниот ден требаше да биде последен за средношколците од 4 - та година и истиот да го заокружат со прослава, како крај на една етапа од нивниот живот. За жал, оваа година сето тоа е невозможно да се реализира, а причината на сите нам ни е многу добро позната.
Во пресрет на последниот училишен ден на матурантите, издвојуваме неколку статуси од професори и директори на средните училишта.
Директорот на СЕПУГС „Васил Антевски - Дрен“, Александар Канурков се поздрави со матурантите од училиштето кое го води. Тој им порача дека целата оваа ситуација ќе ги направи посилни луѓе и дека верува во нив и нивните идни успеси.
Слична порака испрати и професорката од СОУ „Перо Наков“ - Куманово, Елизабета Секирарска. Таа на своите ученици им ја пренесе својата тага, поради тоа што не може да ги испрати од последниот училишен ден и да ја затвори вратата зад нив.