Момчето на оваа девојка ја освои титулата „најлошо момче на светот“: Она што го направил ќе те налути и тебе
Еден од добитниците на титулата „најлошо момче“...
Сигурно и ти можеш да се сетиш барем на едно момче кое ја заслужува оваа титула. Но, денес ти претставуваме еден кандидат кој ги згрози луѓето со своето однесување кон својата девојка.
Момчето требало да биде личноста која ќе биде на твоја страна, која ќе те сака и ќе ти биде поддршка, а не да те „спушта“ со муабети на брутално безобразен начин. Девојките на ТикТок последниве неколку дена почнаа да се потсетуваат на своите поранешни момчиња и да споделуваат апсурдни приказни кои им се случувале во врските. Една особено се издвои.
Девојката раскажа што ѝ направило еднаш, сега веќе поранешното момче. И сите се наеваат дека повеќе не успеал да пронајде девојка, бидејќи тоа е навистина безобразно. Раскажа дека еднаш заедно јаделе пица и дека таа ја пружила раката за да земе уште едно парче, а неговиот одговор на тоа ја шокирал.
@taystein don’t worry guys he justified it by saying he was just looking out for me
original sound - taystein
Момчето ѝ рекло: „веројатно не ти треба уште една, те видов без облека“. Луѓето во коментари пишуваат дека се во неверување. И она што е најлошо од сè е дека веројатно не е единствена девојка на која ѝ го кажал тоа. Ова е толку лошо однесување.
Иако секако има и многу полоши ситуации во врските, како физичко или психичко насилство, немој никогаш да дозволиш момчето да се однесува вака со тебе. Едно се шеги, а друго се вакви коментари.