„На прошетка со тато“: Биковиќ отиде во Русија, а со објава од таму сите ги разнежни - Ужива со синот во природа
Актерот покажа каде го поминува времето со својот син...
Популарниот актер Милош Биковиќ во својата најнова објава на Инстаграм откри дека моментално престојува во Москва каде ужива во друштво на синот Василиј и неговата партнерка Ивана. Тој сподели малку интимност со своите следбеници и откри како среќното семејство го поминува своето време. Со објавата тој ги извести своите следбеници, откако сподели идилична фотографија од прошетка со синот.
Судејќи според фотографиите Биковиќ во моментов е во Русија каде престојува со семејството и судејќи по објавите, денот го поминале во одморалиште, опкружено со природа.
– На прошетка со тато – додаде Биковиќ во описот на фотографијата на која се гледа како го вози синот во количка низ природа, а потоа подетално објасни каде се наоѓа.
- Постои една Москва. А до Москва и шума... а во шумата е СПА одморалиште. Вака започнува бајката од минатиот викенд.
Познатиот актер моментално е на одмор со семејството за да ги наполни батериите за сите претстојни актерски проекти закажани за оваа година. Годинава се очекува да го снима третиот дел од филмот „Јужен ветер“, кој воедно ќе биде и последен дел од сагата за криминалците Мараш и Баќо.
Милош Биковиќ со години живее на релација Белград-Москва, а неговата партнерка Ивана Малиќ неодамна сподели слики од глетката од нивниот дом во главниот град на Русија.
Од нивниот прозорец се гледа прекрасен поглед на познатиот Црвен плоштад во Москва.
Да потсетиме, Ивана на 9 јануари годинава се породи во приватна болница во Белград, а истиот ден актерот се огласи на својот Инстаграм профил. Тој сподели слика на која се нацртани, мама, тато и дете, потврдувајќи дека има наследник.
Фото: ИнстаграмИзвор: Рepublika.rs