Нервозни сте - ова е најдобрата песна за опуштање!

Нервозни сте - ова е најдобрата песна за опуштање!

Објавена во: Музика, Наука

Мора да имаш барем неколку омилени песни кои со задоволство ги слушаш кога сакаш да се опуштиш. Тоа е океј, но прашањето е дали тие секогаш успеваат? Ако одговорот е не, тогаш пуштете си ја единствената песна која е научно докажано дека опушта!

Компанијата за маркетинг истражувања „Mindlab International“, има спроведено истражување кое траело неколку години во кое учесниците сложувале тешки сложувалки додека им се следела активноста на мозокот. За да го проучат ефектот на песната, музика им пуштале кога ќе завршеле со сложување и кога испитаниците биле потполно под стрес.

Песната „Weightless“ од англискиот амбиентален бенд Marconi Union имала 65% поголемо учество во намалувањето на стресот на учесниците од сите други песни кои им биле пуштени, меѓу кои биле и хитовите од Adel и Coldplay. На учесниците во истражувањето за само 8 минути и 6 секунди, колку што трае песната, им се смирило чукањето на срцето, потоа им се намалил крвниот притисок и дишењето им се вратило во нормала.


Објавена во: Музика, Наука

Можеби ќе ве интересира: