Нетфликс ги запре проектите на Вил Смит по шлаканицата, а Крис Рок брои милиони
Акциониот филм „Fast and Loose“ се уште нема да се снима, поради инцидентот што се случи на Оскарите.
Една недела пред доделувањето на Оскар, Дејвид Линч поднесе оставка како режисер на планираниот филм на Нетфликс, во кој главната улога требаше да ја игра Вил Смит.
Според изворите на порталот „The Hollywood Reporter“, Нетфликс итно поканил друг режисер да го преземе проектот во кој се појавува Смит.
Сепак, кратко време по нападот на актерот врз Крис Рок за време на Оскарите, Нетфликс го стави проектот во мирување.
Sony исто така ја прекина работата на продолжението на „Bad Boys 4“.
За разлика од кариерата на Вил Смит, комичарот Крис Рок ја распродаде турнејата и ја подигна својата цена по овој инцидент.
Да потсетиме, Вил Смит поднесе оставка од Американската академија за филмски уметности и науки.
„Моето однесување на 94. доделување на американските награди на Академијата беше шокантно, болно и без оправдување“, изјави актерот, кој го удри Крис Рок пред милиони гледачи ширум светот, по неговата шега за сопругата на Вил, Џејд Пинкет Смит.
Рок изјави дека едвај чека да ја види Пинкет Смит, која има алопеција, како глуми во филмот „GI Jane 2“.