Обожавателите бесни на Рита Ора: Ја обвинуваат за истата работа поради која ја критикуваат и Ким Кардашијан
Рита Ора се соочува со удар од обожавателите...
Британската пејачка со албанско потекло Рита Ора е обвинета дека на социјалните мрежи се преправала дека е личност од негроидна или мешана раса, а всушност е во потполност белкиња.
Имено, многу обожаватели се шокираа кога открија дека двајцата родителите и се од бела раса. Пејачката родена во Приштина, Косово и целото нејзино семејство по потекло се од Албанија.
Во интервју за магазинот „Вог“ таа кажа дека нејзините родителите избегале во Англија за да го избегнат прогонот од народот.
„Кога започна конфликтот во Југославија, моите родители донесоа тешка одлука за да заминеме“ - рече Рита и продолжи:
„Косово секогаш ќе биде наша татковина и засекогаш ќе бидеме горди Косовци.“
Меѓутоа, на социјалната мрежа Твитер, следбениците ја обвинија Рита за „blackfishing“ - личност која на социјалните мрежи се преправа дека е од негроидна раса.
finding out rita ora isn’t black at all and both of her parents are white albanians is so trippy. the girls BEEN blackfishing pic.twitter.com/rGDLUh1obe
— (@slitmyclitt) August 9, 2020
Таа не е првата јавна личност која е обвинета за истото, покрај неа тука се збројуваат и Ким Кардашијан, Кајли Џенер и Ариана Гранде.
Обожавателите велат дека Рита ја присвојува црнечката култура за свој стил на облекување и имиџ преку кој се претставува во јавноста. Често има афро фризура и плетенки, што е заштитен знак на Афроамериканците кои имаат многу густа и кадрава коса.
Може да ве интересира:Обожува кога е во кревет: 10 помалку познати факти за Рита Ора