ОВИЕ ДАТУМИ СЕ ОПАСНИ: Руски астролог предупредува на турбулентен период
Од почетокот на оваа година главните случувања на небото ја одредија положбата на овие две планети: Јупитер и Сатурн. Од јануари Јупитер влезе во знакот Стрелец каде ќе се задржи до март 2020 година, а неговото позитивно влијание можевме особено да го почувствуваме за време на преходните месеци.
Астролозите велат дека имавме можст да ја фатиме својата среќа!
А, кога станува збор за наредните случувања, астрологот Нталија Малахова вели дека до 30 март 2020 година да го искористите времето за деловни достигнувања, бидејќи овој период е најдобар за реализација за бизнис идеи, проекти и социјален успех.
„Транзитот на Јупитер во знакот на Стрелец отвара многу патишта, буди интереси за духовност и образование, патување кон далечните краеви и висико цели. Ова е време на освојување, барање нови пазари, научни достигнувања, ширење на соработката“ - пишува Наталија во својата астро најава.
Наталија Малахова вели дека 2020 година може да се нарече година на трансформации во многу области, особено поради големиот број ретроградни планети, а дека тоа ќе се одрази на нашите животи во наредните 20 години.
Таа предупредува дека постои период за време на годината кога морате да бидете многу внимателни при донесувањето на одлуки што се однесуваат на работата, љубовта, купувањето...
Од 13 мај до 25 јуни ќе трае периодот на ретроградната Венера - ова е неповолен период за брак и нови љубовни врски, како и вложување на голема сума на пари.
Периодот на ретроградниот Меркур од 18 јуни до 12 јули и од 14 октовмри до 3 ноември е неповолен за преговири и папирологија.
Периодот на ретроградниот Марс од 10 септември до 14 ноември ќе донесе пораст на конфликтите, па затоа се смета за несреќен и неповолен период за купување на возила и недвижнини, патувања и операции. Може да се јават различни доцнења, одложувања, препирки и кочење на работата. Единствено добро во овој период е развивањето на самодисциплина, трпение и подобрување.