По приказните дека не е во добри односи со Викторија, се огласи Никола: Сите се прашуваат на кој му се обрати со пораката
За нивниот однос зборуваат сите...
Никола Пелц Бекам пред неколку месеци се омажи за Бруклин Бекам, а уште тогаш почнаа разните гласини. Една од нив се однесува на нејзиниот однос со Викторија и Дејвид Бекам.
Имено, како што се наведува, тие не се во добри односи, а пораката која Никола сега ја напиша, многумина наведен дека ѝ се има обратено токму на Викторија.
„Понекогаш ми е тешко да покажам дека сум тажна. Израснав со седум браќа и сестри и силни родители и тоа ме направи посилна. Тие ме научија да не му дозволам на никој да ме повреди. Затоа подигнав ѕид околу себе за да се заштитам, особено во оваа индустрија“ - напиша актерката, па додаде:
„Сите имаме денови кога луѓето прават да се чувствуваме лошо и во ред е да се биде повреден. Мислев дека треба да напишам нешто, бидејќи никогаш не ја покажувам оваа страна од себе. Ви благодарам на сите за поддршката“.
За потсетување, неодамна беше објавено дека Викторија и Никола не се поднесуваат долго пред таа да се омажи за синот на дизајнерката.
фото: Принтскрин / Инстаграм