По стапките на тато: Синот на Џејми Оливер ги откри триковите на познатиот готвачот

По стапките на тато: Синот на Џејми Оливер ги откри триковите на познатиот готвачот

Љубовта кон подготовката на храна британскиот готвач Џејми Оливер ја пренесе на својот 10 - годишен син Бади. Момчето сними видео во кое ги октрива кулинарските тајни на својот познат татко - како брзо и лесно да го подготвите зеленчукот за готвење.

„Денес ќе ви покажам некои кулинарски трикови на кои ме научи мојот татко“ - вели малото момче на почетокот на видеото, кој гордиот татко го сподели на својот Инстаграм профил.

Бади покажува како да го излупите ѓумбирот без оштетување и тоа на сигурен начин, кој е погоден за деца. Ножот го замени со лажица. Демонтрираше и како набрзи да подготвите тиквици, лук и морков за готвење. Наместо да сече, тој посегна по рендето.

„Прекрасната рбаота кај ова е тоа што ќе дојде до неверојатно откривање на боите. Тоа е она што јас го нарекувам бои на виножитото“ - зборуваше додека најизмечно го рендаше зеленчукот, па спомена дека тоа што го прави, би требало да трае околу еден час, а вака потрошил само пет минути.

Погледнете како изгледа:


Можеби ќе ве интересира: