Популарноста на „Пријатели“ се уште трае: Отсега ќе може да ги редиме омилените ликови

Популарноста на „Пријатели“ се уште трае: Отсега ќе може да ги редиме омилените ликови

Објавена во: Stars // Филм

За тоа колку е популарна хумористичната серија од 90 - тите говори и фактот што од ЛЕГО објави дека новиот сет на коцки ќе се темели на таа хит серија.

Од компанија ЛЕГО најпрво оваа вест ја објавија на социјалните мрежи, каде што споделија и кратко видео кое ни даде увид за нивниот нов сет. Во него, освен на сите добро познатата песна „I'll Be There for You“, се прикажуваат и шест ЛЕГО фигури, направени како Рејчел, Рос, Моника, Фиби, Чендлер и Џој, кои седат на софа од портокалови цигли пред препознатливата њујоршка фонтана.

Оваа вест ги воодушеви многуте обожаватели на „Пријатели“, но и на ЛЕГО коцкичките, па над две илјади луѓе ја гледаа објавата од Билунд, данската престолнина на култниот генерал.

Од ЛЕГО само порачаа дека сетот „Friends & LEGO“ започнува со производство, а најавија дека на време ќе го соопштат датумот на продажба.

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: