Пуштен трејлерот за новиот филм на „Барби“: Публиката ќе биде воодушевена од она што следи

Пуштен трејлерот за новиот филм на „Барби“: Публиката ќе биде воодушевена од она што следи

Објавена во: Stars // Филм

Иако извесно време јавноста е запознаена кои ќе бидат новите актери на филмот „Барби“ и за кога е закажана премиерата за истиот, останатите детали се сеуште во тајност. И покрај фактот што содржината сè уште е мистерија, многумина едвај чекаат да излезе филмот.


Остануваат уште неколку месеци до објавувањето, а возбудата е огромна. Речиси сите се зафатени од  Барби треска, а сега останува само фимот да ги исполни очекувањата.

Премиерата е најавена на 21 јули, а од трејлерот може да се заклучи дека сценографијата изгледа апсолутно нереална. Она што може да се заклучи од краткото видео е дека Барби и Кен одат во авантура и дека филмот би можел да содржи и  малку романтика. Маргот Роби, која ја игра Барби во едно интервју изјави дека публиката ќе биде воодушевена од она што ќе има прилика да го погледне.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: