Разделбите на балкански познати двојки кои обожавателите тешко ги поднесоа: За некои и понатаму тагуваат
За овие двојки обожавателите се врзаа...
Кога раскинуваат познатите личности или инфлуенсери кои ги сакаме, иако разделбата не ни се случила на нас, ние сме тажни. Се надеваме дека само се шегувале или дека наскоро ќе се смират. Но, овие двојки изгледа дека засекогаш ставија крај на својата љубов.
Иако не ги познаваме и немаме никаква врска со нив, кога омилената двојка ќе раскине, малку се растажуваме. И тоа е во ред. Сепак тие луѓе постојано ги следиме на социјалните мрежи и нивните врски им се достапни на сите. Кога станува збор за двојки кои изгледале како да имаат совршени врски и дека тоа било вистинска љубов, таа разделба тогаш е малку полоша. Не можеме да знаеме какви навистина им биле врските, но на Инстаграм изгледале како да се среќни. И затоа кога се овие двојки во прашање, многумина веруваат дека би се смириле.
# Бресквица и Војаж
Ова највереојатно беше најголемиот крај на врска кој се случил на нашето подрачје. Оној тип на разделба каде никој не може да верува и каде обожавателите цврсто веруваат дека наскоро ќе се смират. Но, помина време, а тоа не се случи. И како што изгледа, најверојатно нема, бидејќи Бресквица во едно интервју откри дека повеќе не се во контакт.
# Ања Благојевиќ и Бака Прасе
Двојката која знае како да крене прашина и кога не се заедно. Иако раскинаа, Ања кажа дека не сака да му се врати. Но, она што им ја поткрена надежта на обожавателите е тоа што тие се уверени дека неговата нова песна наводно ѝ е посветена на Ања, а и таа сѐ почесто почна да го спомнува во своите објави на ТикТок.
# Ема Лукетин и Јанко Јаниќ
Двојка за која никој не е 100 проценти сигурност не знаеше дека се двојка, но сепак, сите претпоставуваа. Сѐ до моментот кога објавија дека повеќе не се заедно, сето тоа беа само шпекулации. Тогаш дознавме дека навистина биле двојка, т.е. дека повеќе не се.
# Уки Кју и Сергеј Пајиќ
Дека раскинаа, обожавателите дознаа кога Сергеј го потврди тоа со песната „Њене речи“. Тие се уште една двојка која имаше многу обожаватели, но чија врска имаше проблеми. Уки Кју откри во едно интервју дека Сергеј бил многу љубоморен и дека ѝ било претешко да се бори со тоа.
# Марко Вулетиќ и мистериозната девојка
И последната разделба која посебно им ги скрши срцата на обожавателите. Марко Вулетиќ е оној јутјубер кој е невозможно да не го сакаш, бидејќи е симпатичен и мил. Својата врска ја чуваше далеку од Јутјубот и јавноста, но сепак сите ги извести кога таа завршила, бидејќи бил тажен, а и одлучи да им помогне на другите низ својата разделба. Сите со насолзени очи ги гледаа неговите видеа од тој период.