Се чувствуваш напнато пред тест: Како да ја победиш анксиозноста?
Нема сомнеж во тоа - анксиозноста пред тестовите е нешто најлошо. Поинаква е другите класични треми кои многу луѓе ги чувствуваат и се случува поради три главни работи: стравот од неуспех, недостатокот на подготовка за самиот тест и минатите лоши искуства на тестовите. Силината и симптомите се различни, но има неколку работи кои може да ти помогнат за да се избориш со неа.
# Признај си дека имаш анксиозност пред тест
Првиот чекор во борбата против проблемот е да прифатиш дека истиот постои. Кога ќе прифатиш дека има проблем ќе можеш да направиш нешто по тоа прашање.
# Зборувај со наставникот/професорот
Верувај ни: не си првата личност која има проблеми со тестовите. Многу е веројатно дека твојот наставник/професор веќе предавал на деца со тој проблем и можеби ќе има некоја идеја како да ти помогне. Дури иако нема совет, добро е да знае што се случува со тебе, а и доколку нема совет може да те насочи кај педагогот или психологот, кои сигурно ќе одвојат време за да зборуваат со тебе.
# Одвлечи си го вниманието
Доколку почувствуваш дека ти расте нервозата кога се приближува времето за тестот, пренасочи си ги мислите. Диши длабоко, пробај да изброиш колку плочки има на подот или изгледај ги фотографиите кои ги имаш во телефонот. Сконцентрирај се на нешто друго, бидејќи ништо нема да постигнеш доколку се стресуваш.
# Запиши си белешки
Кога ќе го добиеш тестот, некаде запиши си ги клучните поими или формули во случај да ги заборавиш подоцна. Така доколку дојдеш до ситуација да се блокираш, ќе имаш потсетник пред себе.
# Не заборавај дека тоа е само тест
Паметен/паметна си и еден лошо направен тест не значи дека нема да бидеш успешен/успешна, ниту колку вредиш. Доколку го имаш направено најдобро што можеш, тоа е сѐ што е важно.