„Сега сум неспоредливо посреќна“: Јадела по 10.000 калории дневно, тежела 132 кг, а денес никој не ја препознава

„Сега сум неспоредливо посреќна“: Јадела по 10.000 калории дневно, тежела 132 кг, а денес никој не ја препознава

Ослабела повеќе од 40 килограми.

Кога веќе ништо не функционира во борбата со килограмите, треба да ги погледнете фотографиите на Каоми Вајт. Сега велат дека таа е пример за најголема трансформација. Таа ослабе толку многу што буквално е непрепознатлива.

Порано имав четирикратна брада, сега луѓето не можат да веруваат како изгледам“, вели Каоми, чии фотографии го обиколија светот.

Пресвртот се случил кога сфатила дека постојано се чувствува лошо, уморно и нездраво поради нејзината тежина – и психички и физички. Не можела да здивне додека си играла со својот четиригодишен син Тоби.

И тогаш оваа 26-годишна мајка успеа да си го промени животот - ослабе преку 40 килограми.


Таа потоа на TikTok покажа како изгледала пред и потоа.

„Мојот син беше мојата најголема мотивација. Сакав да имам сила и енергија да играм надвор со него, да пливам и да трчам наоколу без да останам без здив или да се срамам“.

Како што вели, била целосно свесна за својата тежина и сакала подобар и поубав живот за себе и за своето дете.

„Во тоа време бев многу лоша психички, не излегував од дома затоа што се срамев од тоа како изгледам. Немав социјален живот бидејќи не излегував. Дури и такси морав да платам секаде каде што одев бидејќи немав сила да пешачам многу подолго, а не сакав да се качам во јавен превоз“.


Таа внесувала околу 10.000 калории дневно и тежела 132 килограми

Со години се борела со пореметување во исхраната, ја испроба секоја можна диета, но ништо не и помогнало.

Потоа, во септември 2022 година, таа заминала во Турција на операција за намалување на желудникот. Целосно ја променила исхраната, јадела 80 грама протеини дневно, ги намалувала порциите и пиела доволно вода. Таа се откажала од јајцата, рибата, пилешкото и црвеното месо што го јадела и внесувала многу малку јаглени хидрати. Што се однесува до грицките, јадела младо сирење, посна шунка...


„Понекогаш си дозволувам да ги прекршам правилата бидејќи ова не е диета, ова е режим на исхрана за цел живот. Исто така земам мултивитамини секој ден и земам додатоци на биотин и колаген за да ја подобрам состојбата на мојата кожа“.

До јуни годинава ослабела 44 килограми и сега има 88. Нејзина желба е да се симне на 60 килограми.

„Сега сум неспоредливо посреќна и се чувствувам поздрава. Повторно имам контрола над мојот живот и можам повторно да уживам со мојот син, пријателите и семејството“, заклучува таа.


FOTO: Tiktok screenshot


Можеби ќе ве интересира: