Селена Гомез испрати порака до сите матуранти: „Во ред е ако не знаете што со животот“

Селена Гомез испрати порака до сите матуранти: „Во ред е ако не знаете што со животот“

Објавена во: Совети // School zone

Селена Гомез испрати порака за поддршка на генерацијата, која оваа година во САД го завршува средното образование. За време на говорот на виртуелниот настан во организација на компанијата Фејсбук, пејачката се насочи кон своите тинејџерски денови.

„Кога ме прашаа што си кажала на младата јас, тоа би било: Само напред, направи го тоа“ - започна таа.

„Сите напорно работевте за да дојдете до тоа каде што сте сега и знам дека вака не ја замислувавте матурата. Сакам да ви порачам дека е во ред и доколку не знаете што ќе правите со животот“ - продолжува Селена.

„На вас е да пронајдете правец или работи околу кои сте страствени, затоа нека не ве нервираат грешките кои ќе се случуваат, бидејќи ни се случува на сите нас“ - додаде, а потоа ја цитираше водителката Опра Винфри.

„Опра рече: не станувајте она што не го сакате, туку она во што верувате. Мислам дека тоа значи дека доколку не верувате во себе, немојте да очекувате од другите да веруваат во вас“ - заврши таа.

Целиот говор погледнете го во продолжение:


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: